Ковачевски: Лајен не доаѓа некому да врши тортура
Посетата на шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најавена за крајот на месецот е во рамки на редовната комуникација помеѓу ЕК и нашата држава и никој не доаѓа некому да врши тортура, како што кажуваат од опозицијата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
-Еден од претседателите во опозицијата кажа дека очекувал некој тортура да му прави. Гледате дека ниту некому му се случи тортура, ниту некому му се правеше притисок. Северна Македонија нормално функционира, нормално се одвиваат демократските процеси и мислам дека така и ќе продолжи со тоа што ние треба да ги исполниме нашите обврски коишто се однесуваат на преговарачката рамка и да продолжиме со европските интеграции и до 2030 година да станеме земја членка на ЕУ, посочи премиерот Ковачевски на новинарско прашање по посетата на фабриката за производство на сувомеснати производи „Мис Глобус ДОО“ во Скопје.
Тој за посетата на Фон дер Лајен која ја најави вчера за крајот на месецов, рече дека се очекува да биде потврдена како и датумот на посетата.
-Штом ќе биде финализирана (подготовката за) посетата, тогаш таа ќе биде и најавена од страна Европската делегација и од страна на македонската Влада, рече премиерот Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…
(Видео) Русија го остави Киев без струја,…
Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…
Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…
Имаше 69 години, а веста за неговата…
(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…
Пожар избувна во висока станбена зграда во…