Ковачевски: Македонија ги поддржува независноста и суверенитетот на Украина

t

Премиерот Димитар Ковачевски, се обрати на Самитот на Меѓународната платформа за Крим, пред претседателот на Украина, Володимир Зеленски, премиерот на Украина, Денис Шмигал, претседателот на украинскиот Парламент, Руслан Стефанчук, претставници од Крим, лидери на земјите учеснички во иницијативата Меѓународна Кримска платформа и лидери на држави и влади на земји членки на НАТО, како и на ЕУ, меѓу кои претседателот на Франција, Емануел Макрон, премиерот на Канада, Џастин Трудо, државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и претставници од други држави од светот.

„Тука сум да ја потврдам силната и недвосмислена поддршка од Република Северна Македонија: на обединувачкиот карактер на Украина, на нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет, како и на неповредливоста на нејзините граници”, порача премиерот Ковачевски.

Тој посочи дека со учеството на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на основачкиот самит на Кримската платформа, лани, на овој датум, Македонија јасно и без задршка ја реафирмираше заземената позиција на страната на заштитата на меѓународното хуманитарно право, со заложба за почитување на нормите коишто ги штитат човековите права, предвидени во резолуциите на Генералното собрание на Обединетите нации и во одлуките на други меѓународни организации.

„Руската агресија врз Украина е недозволиво кршење на меѓународното право. Воените напади врз Украина од страна на Руската Федерација и злосторствата од руски сили врз цивилното население, најостро ги осудуваме. Република Северна Македонија, затоа се постави стопроцентно на линија на политиките на Европската Унија, во однос на војната во Украина и се приклучивме на сите рестриктивни мерки и санкции кон Руската Федерација. Придружувањето кон активностите и политики на ЕУ и на демократскиот свет, за нас значи застанување на вистинската страна – во вистински момент”, оцени премиерот Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…