Ковачевски: Македонија заслужува да биде дел од ЕУ
Премиерот Димитар Ковачевски денеска, од обраќањето во Стопанската комора по повод Националниот ден на осигурувањето, 1 Ноември, уште еднаш порача дека Македонија заслужува да биде дел од ЕУ.
Како што истакна Ковачевски во ораќањето, европската иднина е пред нас.
-Развивањето на свеста за обезбедување сигурност преку договорите за осигурување е дел и од политиката на ЕУ. Во таа насока, секоја заложба во овој правец е со цел обезбедување економска стабилност, сигурност и благосостојба на граѓаните и компаниите. Европската иднина е пред нас и преку оваа индустрија. Тоа пред два дена јасно и гласно ни го порача претседателката на Европската комисија, која при нејзината посета порача дека ние заслужуваме да станеме дел од Европската Унија. Затоа, уште еднаш од овде сакам да порачам дека членството во ЕУ се базира на концептот на заслуги. Македонија заслужува да биде дел од ЕУ, а сите ние заслужуваме да бидеме европски граѓани, овде дома тука во нашата држава. Да живееме европски и да се однесуваме европски. Нашите млади луѓе, нашите деца и сите наши граѓани го очекуваат тоа од нас, истакна премиерот Ковачевски.
Европската иднина, повтори, мора да се обезбеди, пред сè за младите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…