Ковачевски се сретна со полскиот амбасадор: Полска ги поддржува европските перспективи на Македонија
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Војциех Тицињски, амбасадор на Република Полска во нашата држава.
На средбата е врачено писмо со честитки за мандатот на премиерот Ковачевски, од полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
Соопштено е и дека Полска ги поддржува европските перспективи на Македонија.
На состанокот е разговарано и за ситуацијата во Украина. Премиерот Ковачевски ја нагласи цврстата позиција на Република Македонија којашто е на линија на позицијата на нашите стратешки партнери во НАТО и ЕУ, односно категорична осуда на руската инвазија во Украина.
На средбата е изразена заедничка определба за унапредување на економската соработка помеѓу Македонија и Полска, во областа на трговијата и странските директни инвестиции, при што е пренесен интерес од Полска за соработка во областа на животната средина.
Премиерот Ковачевски се заблагодари за големата пријателска поддршка од Република Полска во европските аспирации на Република Македонија, како и во други области од значење за граѓаните, како што е помошта од Полска за време на пандемијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полска започна операција на границата со Белорусија
Полска ја започна операцијата „Безбедна подласие“ на…
Полска бара земјите од ЕУ да ја…
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски…
Зеленски и Туск потпишаа договор за безбедносни…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и полскиот премиер…
„Многу тешка ноќ“: Полска ја подигна авијацијата…
Полска синоќа ги подигна своите воздухопловни сили…
Захарова: Варшава го гледа западниот дел на…
Официјална Варшава го гледа западниот дел на…