Ковачевски се сретна со полскиот амбасадор: Полска ги поддржува европските перспективи на Македонија
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Војциех Тицињски, амбасадор на Република Полска во нашата држава.
На средбата е врачено писмо со честитки за мандатот на премиерот Ковачевски, од полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
Соопштено е и дека Полска ги поддржува европските перспективи на Македонија.
На состанокот е разговарано и за ситуацијата во Украина. Премиерот Ковачевски ја нагласи цврстата позиција на Република Македонија којашто е на линија на позицијата на нашите стратешки партнери во НАТО и ЕУ, односно категорична осуда на руската инвазија во Украина.
На средбата е изразена заедничка определба за унапредување на економската соработка помеѓу Македонија и Полска, во областа на трговијата и странските директни инвестиции, при што е пренесен интерес од Полска за соработка во областа на животната средина.
Премиерот Ковачевски се заблагодари за големата пријателска поддршка од Република Полска во европските аспирации на Република Македонија, како и во други области од значење за граѓаните, како што е помошта од Полска за време на пандемијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се подготвувал да убие повеќе лица –…
Полската полиција приведе 16-годишник осомничен дека планирал…
Полска ќе им дозволи на пилотите на…
Полска ќе им дозволи на своите пилоти…
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…
(Видео) Сирени во Полска, дрон падна на…
Дрон со млазен погон паднал или бил…
Украина и Полска: Руската закана веќе е…
Украина и Полска предупредија на зголемена руска…