Ковачевски: Халими е избрана за директорка на АД „Аеродроми“ врз основа на универзитетска диплома
Миликије Халими е избарана за директорка на АД „Аеродроми“ од страна на Надзорниот одбор и врз основа на универзитетска диплома што ја има поднесено, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање.
-Таа е избрана по предлог на Владата, врз основа на универзитетска диплома која ја имаат и други функционери – додаде Ковачевски на денешниот настан по повод Националниот ден на осигурувањето.
Изборот на поранешната градоначалничка на Општина Арачиново, за генерална директорка на АД „Аеродроми на Северна Македонија“ предизвика реакции во јавноста. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека ова е срам за Владата, но и за Македонија, бидејќи „човек со средно медицинско образование ќе одлучува за аеродромски услуги во државата“.
На нејзинот Фејсбук-профил, таа се заблагодари на СДСМ за укажаната доверба да раководи со оваа институција и порача дека ќе се фокусира на зголемување на квалитетот на услугите за сите корисници, како и зголемување на ефикасноста и ефективноста на работењето на институцијата.
Халими во 2017 година победи на локалните избори и стана првата жена градоначалник на Арачиново, а по завршување на мандатот се вработи во Царинска управа, каде конкурираше со завршено средно медицинско образование.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…