Колку е реално чудото? Македонија само трипати во историја славела убедливо на гости!
За да се освои првото место во групата во оваа Лига на нациите и со тоа да се обезбеди најмалку бараж за Еуро 2024 (зашто квалификациите догодина ќе почнат), на Македонија попладнево од 18 часот во Тбилиси ѝ треба вистинско чудо – залетаната Грузија да ја победи со 4-0.
Фудбалски ништо не е невозможно, но прашање е колку е реално и достижно за десеткуваната македонска селекција да направи ваков подвик против репрезентацијата која под палката на Вили Сањол барем досега е одлична.
Ако се погледне историјата, малку мечеви Македонија во својата историја, почнувајќи од воведниот во Крањ во 1993 година, успеала да победи на гостување со најмалку четири разлика.
Првиот е историскиот и рекорден со 11-1 против Лихтенштајн во ноември 1996 година, а последните два се од лани, против редовниот пациент Лихтенштајн (4-0) во Вадуц на 8 октомври и неверојатниот триумф во Ереван со 5-0 на 11 ноември 2021 година, убедливо најголем наш триумф на гости против селекција која не е од рангот на „пациенти“.
Токму таа победа со Ерменија е вистински вредна убедлива победа, зашто Лихтенштајн ниту бил, ниту некогаш ќе биде сериозен ривал против кој убедливата победа би имала „двојна тежина“.
Во историјата само уште двапати Македонија успеала да даде четири гола на гостувања, ама не и да победи со четири разлика, со Естонија во 2004 година (4-2) и со Луксембург во 2008 година (4-1).
СИТЕ ПОБЕДИ НА МАКЕДОНИЈА СО ЧЕТИРИ ИЛИ ПОВЕЌЕ РАЗЛИКА
9 ноември 1996 (Ешен) – Лихтенштајн – Македонија 1-11
8 октомври 2021 (Вадуц) – Лихтенштајн – Македонија 0-4
11 ноември 2021 (Ереван) – Ерменија – Македонија 0-5
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандал во САД: ФБИ ја претресува куќата…
ФБИ изврши рација во домот на поранешниот…
Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…
Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…
Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…
Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…
Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…
Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…
На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…