Комунална Хигиена: Споменикот на Гоце Делчев за еден месец е чистен три пати, осуда за вандалскиот чин!

t

Јавното Претпријатие Комунална Хигиена ја известува јавноста дека се невистинити објавите на извесни провокатори чии фотографии осамнаа на интернет дека го чистеле споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк.

-Имено, споменикот на Гоце Делчев како и бројни други споменици низ градот се предмет на вандалски чинови и оштетувања во континуитет, при што само на споменикот на Гоце Делчев јавното претпријатие Комунална Хигиена во изминатиот месец дури три пати има превземено акција на целосно чистење со соодветна механизација, средства и човечки ресурси. Тоа што некој врз нашите обележја става знаме на странска држава, а воедно лажно зема заслуги за работата на Јавното комунално претпријатие презентирајќи ја како своја, дополнително е за осуда и ги повикуваме надлежните институции да го истражат случајот и да превземат соодветни мерки, велат од ЈП.

„Повторно апелираме и повикуваме на свесност кај граѓаните да не се вандализираат и оштетуваат спомен обележјата и јавните површини“ – порачуваат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен…

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…

Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде отворен…

Привршуваат активностите за темелна и енергетски ефикасна…

Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување…

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…

Јанев за бегството на Ива Михаилова: Работиме…

Директорот на БЈБ, Александар Јанев денеска на…

Благодарница за министерот Ристовски за поддршката и…

Во име на организаторите на Скопскиот маратон,…