Конечно добри вести: Инфлацијата во земјава за еден месец е преполовена

t

Инфалцијата во октомври поголема за три ипол отсто споредбено со октомври минатата година, но помала од септември, Државниот завод за статистика ги објави најновите податоци.

Според Владата мерките кои се носат даваат резултати, инфлацијата велат за еден месец е преполовена.

Најголемо намалување, според статстика има кај млекото за 10 %, јајцата за 9%, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 8.6 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 6.4 %, за 5.2 % намалување има кај овошјето, пивото е намалено за 4,3%, сирењето и урдата за 4, 1%, месото за 3.4 %, лебот и житата за 3.3 % и маслото и маснотиите за 0.9 %.

Пораст на цените пак е забележан кај шеќерот, џемот, медот, кафето, чајот, какаото, рибата…

Владините сценарија за крајот на годината оптмистични – предвидуваат годината да се заврши со инфалција под шест отсто. Со цел зачувување на стандардтот на граѓаните – во Влада се комплетира и законот за нефер трговски практики. Забелешките од бизнисот стигнале, ќе се разгледаат и доколку бидат прифатени ќе бидат вклучени во драфт верзијата најави министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Очекуваме во почетокот на наредната недела предложениот закон да се усвои на Влада и да се прати до Собранието. Законско решение кое дологорочно ќе влије позитивно врз намалување на цените, но воедно ќе биде и недискриминаторно во трговијата, посебно за земјоделските и прехранебните производи.“– изјави Крешник Бектеши – министер за економија.

Дополнително, министерство за финансии го спреми новиот пакет антикризни мерки, кој се најавуваше со месеци. Од Влада очекуваат истиот да биде одобрен до крајот на идната недела, по што веднаш ќе почне да се применуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…