Конститутивната седница на Собранието на 28 мај – ќе ја води највозрасниот пратеник!

t

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Јован Митрески, врз основа на член 9 став (2) од Деловникот на Собранието, денеска одржа состанок со претставници на политичките партии застапени во новоизбраното Собрание, на кој консензуално беше одлучено конститутивната седница, по одржувањето на единаесеттите парламентарни избори, да се одржи на 28 мај 2024 година, вторник, во 11 часот.

Во согласност со Деловникот, со конститутивната седница до изборот на новиот претседател треба да претседава највозрасниот по години пратеник. Во новоизбраниот состав тоа е пратеничката Мерита Колчи Коџаџику.

Претседателот Митрески ги информираше присутните дека дневниот ред на конститутивната седница, според Деловникот, ќе има три точки односно избор на Верификациона комисија, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието.

Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на претседателот на Собранието.

На денешниот состанок, присуствуваа Никола Мицески од Коалицијата „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ; Оливер Спасовски од Коалицијата за европска иднина – СДСМ; Арбер Адеми од Коалицијата „Европски фронт“; Халил Снопче од Коалицијата „Влен“; Борислав Крмов од партијата Левица и Бобан Карапејовски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

На состанокот присуствуваше и Мерита Колчи Коџаџику, како највозрасна пратеничка, како и генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов напад врз нафтената артерија на Саудиска…

Нова топлинска аномалија е регистрирана во близина…

Нафтата експлодира на светските берзи: Брент достигна…

Цените на нафтата продолжуваат со силен раст…

Димовски: Американците измислија летачка кола, кај нас…

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, со…

Радев ја тестира цела Европа: По ветото…

Бугарија и Унгарија ставија заедничко вето на…

Мерц: Ги поддржувам украинските напади врз руските…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ја поддржа…