Косово бара екстрадиција на дел од осудените за „Диво насеље“, се разгледуваат барањата на оние што штрајкуваат со глад

t

Ќе биде реагирано доколку се утврди дека осудените за настаните во Диво Насеље кои штрајкуваат со глад, не ги добиваат правата што им следуваат со закон, изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчевски. Коментирајќи го овој случај министерот Тупанчевски, нагласи дека тие внимателно ги разгледуваат нивните барања.

– Директорот втор пат стапи во контакт со осудените лица и мислам дека работите се одвиваат во позитивна насока, да ги добијат сите права и погодности кои им следуваат по закон. Не сакаме да имаме селективен пристап и не сакаме да правиме парабола со некои други осудени лица. Секое осудено лице преставува „приказна за себе” треба да се има индивидуален пристап, доколку се утврди дека не ги добиваат правата што им следуваат со закон, ќе биде соодветно реагирано – рече Тупачевски.

Воедно, тој наведе дека заради природата на кривичното дело се работи за комплексна проблематика, и дека се во постојана комуникација и со други институции кои прават проверка од безбедносен карактер.

– Во таа смисла Управата за извршување на санкции ги носи соодветните одлуки кои што ги добива како резултат на координирана соработка со други институции – рече Тупачевски и потврди дека официјално е поднесено барање од косовските власти за ектрадиција на дел од осудениците.

– Министерството за правда постапува, не е донесена одлука во таа насока, се работи за процес, правна ситуација каде треба да бидат анализирани повеќе фактори и Министерството за правда да ја донесе адекватната одлука – изјави Тупачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години…

Побеле Хрватска: Во Горски Котар моментално врне…

Во Горски Котар утрово паѓа снег, камерите…

Кралството Норвешка донира 76 возила за Армијата…

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе…

Тетовец измамен, платил преку интернет 21 илјада…

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот…

Хамас е подготвен на примирје со Израел…

Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа,…