КОСТАДИНОВСКА – СТОЈЧЕВСКА: Горда сум што оваа Влада ги ревитализира паметниците за македонскиот отпор против фашизмот

t

По повод 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот Битола од фашистичкиот окупатор, министерката за култура, Бисера Костадиновска–Стојчевска положи цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОАВМ во село Лавци.

Како што известуваат од Министерството за култура, заедно со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и претседателот на Сојузот на борци од Битола, Стефан Бошков, положија цвеќе на споменикот на НОАВМ на плоштадот “Гоце Делчев” и на споменикот на револуционерот Стеван Наумов – Стив.

-Како министерка за култура и како внука на носител на Партизанска споменица, горда сум што оваа Влада не ги заборави и со почит ги ревитализира паметниците кои сведочат за македонскиот отпор. Еден од нив е и во херојско Лавци – Споменикот на паднатите борци. Антифашизмот во Битола и во Битолско е вечен порив и повик. Зашто: „Народ задоен со борбата за слобода никогаш не умира, истакна министерката Костадиновска – Стојчевска.

Во четиригодишната народноослободителна и антифашистичка војна, околу 270 борци од Битола и Битолско ги дале своите животи за слободарска Битола. Во борбата за ослободување на Битола директно учествувал и дедото на министерката Костадиновска–Стојчевска, Пецо Гудовски, носител на Партизанска споменица 1941 година.

Традиционално секоја година во Битола свечено се доделуваат и 4-то ноемвриските награди меѓу кои и наградата за животно дело, која годинава ја добива новинарот Димче Миновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…