Костадинов до Владата: Нема да дозволиме дечињата да страдаат поради вашиот инает – Сами ќе најдеме решение за вработувањата во градинките
Бидејќи дечињата згрижени во градинките под надлежност на општина Струмица имаат потреба од негувателки, а Министерството за финансии на Гордана Димитриевска-Кочовска и Министерството за труд и демографски политики на Фатмир Лимани одбија да ни дадат согласност за ангажирање на нови негувателки, ние сами ќе најдеме решение за вработување на потребниот кадар, објави на Фејсбук градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
– Општина Струмица и јас нема да дозволиме никогаш дечињата да страдаат поради терање на партиски инает и непринципиелни предизборни агенди.
Итен ребаланс на буџет само за тој основ е навистина неопходен, се работи за нашите деца!
Очекувам дека за многу брзо време потребните негувателки и воспитувачи и технички персонал ќе почнат да работат со дечињата во нашите градинки. – стои во објавата на Костадинов.



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата прави методологија струјата да не поскапи,…
Владата прави методологија за да се задржи…
Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…
Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…
Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…
Владата излезе со јасен став во врска…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…
Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…
