Костов: Смрдеата од неисчистените Авгиеви штали на бугарската историографија и политика (3.) Бугарска, сторическо-политикантска, хименопластика

t

Денес ќе ви презентирам како блгарската историческа котерија преку хименопластика и дава чесност и чедност на бугарската историја и култура. Само што помислив дека некој ден ќе здивнам од атаката врз македонската историја и преродба од страна на Радевци, Каракачановци и слични на нив, и ете ти нова офанзива на нивните послушници. Ја изведуваат новопечени актери, закаснети протагонисти, новоосвестени антагонисти, ама сите заедно, кажано со јазикот на филмската режија, се чисти маргинални статисти. Со т.н. новообјавени вулгарос-булгарос факти и добро познатиот ни нивни историски принцип хокус-покус булгарикус, и направија уште една историска и политикантска хименопластика на бугарската историја, култура и политика. Главни сценаристи и режисери сега се Цочовци, Томовци и Топаловци. Објавиле книга “Собрани дела“ на/за браќата Миладиновци и што да ви кажам, ете ти ја реата на Авгиевите бугарски штали доаѓа до мене, и мора да се заштитувам од таквата загаденост и смрдеа. Па нели сме сите за екологија. Зошто не и историска и преродбенска екологија.
Користат неверојатни “филмски техники“, со кои бугарската хименопластика ја издигнуваат на највисоко светско ниво. Номер едно. Со таа техника претставуваат непостојни факти од турските архиви за браќата Миладиновци, Димитар и Константин(“Димитар и Константин Миладинови отворија бугарска православна капела“) и небулозни измислици(“Константин го бранел бугарскиот јазик кај семејството и македонскиот народ“) за поезијата на првиот македонски поет, кој и прв пишува поезија на македонски јазик со неговото струшко наречје. И сега некој ќе рече треба да го докажуваме спротивното, да го браниме македонскиот јазик и нашите преродбеници. Не, драги мои Македонци. Тоа е погрешно. Ние веќе си знаеме чии биле, се и ќе бидат Миладиновци. Само слепиот и ретардираниот не може да виде и да сфати на кој јазик Константин ја пишувал својата поезија. А македонскиот јазик си го збориме, благодарение на браќата просветители, Светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум, и на браќата преродбеници Димитар и Константин Миладиновци. Толку. Тоа е тоа.
Ама за оваа најнова бугарска хименопластика на историјата, поезијата и јазикот редно е нешто да се напише, колку да се дефинира, како поим и појава. И веднаш да се знае: Во случајов не се работи за хируршка зафат со кој на жените им се “враќа невиноста“. Тука драги мои хименопласитата е повеќе метафорична и филмска техника за пласирање на големи лаги, уште поголеми измами, невидентна нечесност и видлива некоректност – кон себе(Бугарите) и кон соседите Македонци. Тие се едни обични хипохондрици кои постојсно сејат и расејуват хипокризија. Цочовците, Томовците и Топаловците лицемерно застапуваат ставови, вредности и убедувања, во кој никој не верува, бидејќи непобитните факти и евидентните аргументи го потврдуваат спротивното. Вистината е опозит од “продуктите“ на нивната срамна хименопластика. Вистината е на наша страна.
А јас тоа најдобро можам да ви го потврдам бидејќи соработувам со правнуците на Миладиновци(од нивниот најстар брат Никола), моите долгогодишни собеседници Анастас и Крсте од Струга. Полнокрвни Македонци. А тоа бил и нивниот прадедо Димитар отка се дистанцирал и откажал од елинството, во чиј дух бил школуван. А имав прилика да го чујам и нивниот, сега покоен татко, Круме(Крумислав) кој ми раскажуваше како се чувствувале неговите чичовци Димитрија и Константин. И треба ли да ви кажам како? Чисти Македонци! Добро. За овие работи многу скоро ќе ви презентирам изворни и автентични искажувања на потомците на нашите преродбеници и просветители.
Што друго да напишам за бугарската хименопластичарска котерија? Тие се врвни лицемери, неумешни манипулатори и големи измамници кои за секоја ситуација имаат различна песна. А за секоја пригода прераскажуваат различна приказна. И токму затоа, поради таа неконзистентност, како резултат на нивната хименопластика, еднаш се турко-татари, друг пат Траки, трет пат Македонци и така во недоглед. Во основа се едни, те исти стари одртавени и истрошени, а сепак нови “невини“ историчари, општественици и културњаци. Тоа е тоа, кога групировка од историски ороспии прават историческо здружение на часни сестри. Ситни. Бедни. Јадни. Сироти они.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарски бесрамности и македонски ќор-сокаци: Политичари аматери…

БУГАРСКИ БЕСРАМНОСТИ И МАКЕДОНСКИ ЌОР - СОКАЦИ…

Никовски: Украина носи несогледливи последици за сите…

УКРАИНА НОСИ НЕСОГЛЕДЛИВИ ПОСЛЕДИЦИ ЗА СИТЕ Се…

Трифун Костовски: Институциите не ги штитат граѓаните…

ЕУРОСТАНДАРД БАНКА, ЖРТВА НА ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ ВО…

Сотир Костов: Неподносливата леснотија на манипулирање –…

Неподносливата леснотија на манипулирање Како да не…

Костов: Смрдеата од неисчистените Авгиеви штали на…

Денес ќе ви презентирам како блгарската историческа…