Коцарев: Македонците треба да се обединат, за да ги заштитат непоколебливо македонизмот и опстојот на Македонија!
„Ние, Македонците, треба да бидеме непоколебливи во одржувањето, негувањето и заштитата на македонизмот како нишка, што го условува нашиот опстанок на ова парче земја.“ – вели претседателот на Македонската академија на науки и уметности Љупчо Коцарев во својата колумна со наслов „Македонијо, ти посакувам среќна Нова година и вековно опстојување!“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.
Покрај другото, Коцарев пишува: Дали Македонците се способни колективно да градат подобра иднина? Ова се времиња кога во секој миг од нашето живеење е потребно да се преиспитуваме и како поединци и како колектив. Затоа што Македонија е во агонија веќе подолго време. А, нам, на Македонците, реалноста полека ни се лизга низ прсти – уценети, и однадвор и однатре, животот на сите нам, освен на дел од владејачката елита, сенишно ни поминува покрај нас: ние сме само неми, безлични и бесцелни набљудувачи на овој наш живот што не го живееме, а истовремено се чувствуваме беспомошно, гледајќи како Македонија се расчеречува, се раздробува, се распарчува и се разнебитува.
Иако општествените околности во Македонија, во ЕУ и на планетата Земја денес се комплексни и за нас неповолни, сепак јас останувам оптимист, се надевам и верувам дека може и оти треба да најдеме процеп во темнината. Во ваквата Македонија за нас, Македонците, нема живот. Затоа, само ние, Македонците, можеме да се избориме за нас, Македонците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Горивата поевтинија, дизелот се продава за 92…
Од денеска, 17 ноември, важат пониски максимални…
Ова е иранецот кој ги координирал терористите!…
Петмина македонски државјани се уапсени во Македонија…
Падна доверливата комуникациска мрежа на американската НСА,…
Висококласифицираната мрежа што американската Агенција за национална…
(Видео) Затворен е мостот на Крим по…
Украина предизвика сериозни оштетувања на Кримскиот мост,…
Танкер потона во близина на бугарскиот брег…
Танкерот „ГАС ХАСКИ“ потона околу 50 милји…