Коцев за Инфомакс: Не знаев дека лицето кое ме сопира е полицаец – еве што вели актерот во целост

t

МВР потврдувајќи ги информациите на Инфомакс извести дека актерот Сашко Коцев вчера повредил полицаец.

Според МВР, околу 19.15 част во Скопје, на подрачјето на Центар, С.К., управувајќи возило „фолксваген“ не застанал на знак за запирање даден од полициски службеник кој извршувал службени дејствија, агресивно се однесувал, по што со возилото го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото, велат од полицијата за Инфомакс.

За Инфомакс куса изјава даде и актерот Сашко Коцев кој тврди дека не бил свесен оти лицето кое го стопирало било полициски службеник. Спротивно на соопштението на МВР, Коцев тврди дека воопшто не удрил со својот автомобил во полицаецот.

-Во однос на информациите кои се споделуваат во медиумите дека во текот на вчерашниот ден сум удрил со возило полицаец, а потоа сум избегал од местото на настанот, сакам да ја појаснам ситуацијата која воопшто не е како што дел од медиумите пренесуваат.

Вчера додека бев во возилото со мојата ќерка, во тесна уличка каде се обидував да поминам, стоеше човек во цивилна облека кој ми го попречуваше патот. Тој не сакаше да се тргне за да поминам. Го прашав зошто ми го блокира патот и кој е тој, на што дрско ми одговори „Сега ќе видиш кој сум јас“. Воопшто не се легитимираше ниту посочи дека е полицаец. Во тој момент ќерка ми се вознемири и расплака. Јас не сакав да влезам во конфликт или расправија, го заобиколив со возилото и си отидов.

Ниту сакав да се расправам, ниту па имав било каква намера да го удрам со возилото. Никогаш не би направил такво нешто. Најмногу од се, сакав да ја заштитам ќерка ми од понатамошно вознемирување.

Одговорно тврдам дека не сум му нанел никакви повреди, поминав со минимална брзина покрај него и ова што се пишува воопшто не е точно. И стојам на располагање на полицијата да се расчисти целиот настан, пишува Коцев во изјава за Инфомакс.

Според информациите на Инфомакс од настанот постојат снимки од камери од повеќе локации кои најверојатно во целост ќе го расчистат вчерашниот инцидент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…