Кој ги саботира германските воени бродови? Берлин го впери прстот кон Москва
Вкупно десет можни саботажи се откриени од почетокот на 2025 година, а прашањето е кој стои зад нив, пишува „Euronews“.
Последниот во низата инциденти се случи кон крајот на февруари оваа година во Вилхелмсхафен, кога наводно случајно бил откриен процеп од два сантиметри на фрегатата „Рајнланд-Пфалц“. Бундесверот, германските вооружени сили, претпоставува дека штетата е предизвикана намерно.
„Во принцип, можеме да потврдиме дека безбедносната состојба за поморските единици во бродоградилиштата, како и за бродовите во изградба, се променила поради неколку сомнителни случаи на саботажа“, изјави портпаролот на Бундесверот.
Случајот им бил пријавен на истражните органи во март, но истрагата подоцна била затворена, соопшти државното обвинителство на Олденбург. Не било можно да се утврди дали причината била намерно оштетување, абење на материјалите или производствен дефект.
Други сомнителни случаи
Друг случај на сомнителна саботажа се случил во јануари 2025 година за време на инспекција во бродоградилиштето Блум+Вос во пристаништето Хамбург. Неколку килограми материјал што можел да предизвика значителна штета биле пронајдени во машинската просторија на воениот брод Емден. Станува збор за вид абразивен песок што се користи за чистење на површините на бродовите, објави Тагешау.
Одделот за криминална полиција во Хамбург и канцеларијата на државниот обвинител изјавија дека веројатно станува збор за саботажа. 37-годишен Романец и 54-годишен Грк, за кои се верува дека работеле во пристаништето, биле уапсени во врска со инцидентот. Обвинителството не ги именувало можните сторители.
Неколку други сомнителни случаи биле регистрирани во текот на изминатата година: каблите биле исечени на еден воен брод, додека во друг случај отпадно масло наводно било намерно истурено во системот за вода за пиење. Во двата случаи, канцеларијата на државниот обвинител ја прекинала постапката.
Сомневања за Русија
Според западните безбедносни кругови, Русија би можела да стои зад саботажата. Безбедносните служби ја сметаат Германија за една од главните цели на руските операции, бидејќи Берлин е еден од најважните поддржувачи на Украина во одбраната од руската агресија.
Федералната канцеларија за заштита на Уставот (BfV) и Федералната канцеларија за криминална полиција (BKA) затоа предупредуваат за таканаречените „Wegwerf-Agenten“ или „агенти за еднократна употреба“. Станува збор за ситни криминалци кои главно се регрутираат преку социјалните мрежи и се охрабруваат да вршат саботажи, а нивните клиенти често им плаќаат во криптовалути.
Ханорарите се движат од неколку стотици евра, додека за поголеми работи, кои вклучуваат саботажа на воена опрема на членките на НАТО, се претпоставува дека се нудат износи што достигнуваат десетици илјади евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој ги саботира германските воени бродови? Берлин…
Вкупно десет можни саботажи се откриени од…
Туск по заканите од Медведев: НАТО конечно…
Полскиот премиер Доналд Туск упати сериозен апел…
Украина забрзано ја „роботизира“ војната: дронови и…
Украинската армија сè повеќе се потпира на…
Руското присуство во Бугарија: Речиси 11.000 недвижности…
Според истражување на бугарскиот медиум „Сега“, руски…
Путин ѝ се закани на Ерменија со…
За време на прес-конференцијата по самитот на…