Кој е следен повторно организира превоз до Кочани за Маршот за ангелите во сабота!
Почитувани,
Ве известуваме дека и оваа сабота „Кој е Следен?“ организира превоз до Кочани за поддршка на протестот во Кочани организиран од родителите и блиските на жртвите. Повикот за пријавување го споделивме на нашите профили на социјалните мрежи, а го споделуваме и со вас:
„Сабота, 14 јуни 2025 – собир 16:00 – поаѓање 16:30 – почеток на Маршот на ангелите 19:05.
Оваа сабота, следната, секоја наредна, додека болката не се претвори во правда. Додека овие луѓе не го добијат тоа што системот им го должи. Додека повредените не добијат здравствена помош, додека семејствата не добијат финансиска помош, додека правдата не затропа на вратите на оние кои целата наша историја не горат, гушат, газат и уништуваат.
Семејствата маршираат, премиерот напаѓа, обвинува и користи одвратна реторика. Обичниот човек против системот! На чива страна си ТИ?
Собир во 16:00 на паркингот пред С.Ц. Јане Сандански. Поаѓање 16:30. Почеток на протестот 18:05, на Плоштад на револуцијата, Кочани.
Пријави се на линкот во био доколку ти треба превоз или имаш слободно место во автомобилот.
Линк: https://forms.gle/KpBD3LLZm9cRVHzq7
Системот заборава, ние не!
Има и други начини да помогнете доколку не сте во можност да присуствувате. Донирајте преку Support Kocani, споделувајте ги објавите, пренесете ги информациите до вашите најблиски. Не забораваме! Не простуваме!“
Објава на Facebook
Објава на Instagram
Со почит,
Движење „Кој е Следен?“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…
Можете да ја одложувате правдата, но не…
Родителите на загинатите млади во пожарот во…
ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…
МВР информира дека вчера попладне во 12:45…