Крај на пржинската Влада: ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на девет точки од законот за Влада

t

Бришење на околу 9 точки од Законот за влада што се однесуваат на техничката влада пред избори ќе побараат во понеделник од ВМРО ДПМНЕ, кои упорно инсистираат на предвремено изборно соочување. Од партијата не прецизираат за кои точки поточно се работи, но потврдуваат дека се бара укинување на техничката влада договорена во Пржино и враќање на стариот изборен модел. Со тоа практично се откажуваат од министерските места кои им следуваат три месеци пред избори.

Од оваа партија остануваат на ставот дека за нив е прифатлив и предлогот на помалите партии за една изборна единица и отворени листи.

СДСМ се согласуваат за една изборна единица, меѓутоа сега се со променет став за измени на Законот за влада од пред две години, кога екс премиерот Заев и самиот велеше дека Пржинската влада не треба да постои. Категорично се против ваквите измени и против предвремени избори.

Моделот на Пржинска влада беше воведен за изборите во 2016 година и со него најголемата опозициска партија на 100 дена пред избори добива функции во извршната власт, меѓу кои и две министерски во министерствата за внатрешни работи и труд и социјала, како и три места на дополнителни-заменици министри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+видео) Хаос во Штип: Излеана нафта по…

Државен инспектор за животна средина од Одделението…

Ковачевски: Во ВМРО-ДПМНЕ може да станете лесно…

Видов една изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ…

(Видео) Никола Тодоров откри како работат дувлото…

На социјалните мрежи е објавено видео од…

СДСМ: ДПМНЕ ја остави Универзална да се…

ДПМНЕ ја остави Универзална сала да се…

Со глас за европската коалиција граѓаните ќе…

Клучното прашање на овие избори е одлуката…