Крвава нова година во Италија: Над 180 лица повредени од експлозија на пиротехника
Околу 180 лица се повредени во Италија како последица на пиротехничка експлозија на новогодишната ноќ. Вакви податоци во неделата дистрибуираше Министерството за внатрешни работи на републиката.
Според податоците, 48 жртви се хоспитализирани, а состојбата на 11 од нив се оценува како тешка. Најтешки инциденти се забележани во Неапол и Милано. Во Рим изгореа 59 автомобили, пишува La Repubblica.
Меѓу жртвите – 50 малолетници. Во Таранто, во јужна Италија, на 10-годишно дете морало да му биде ампутирана раката поради повреди здобиени во експлозија на петарда.
Во голем број италијански градови, властите го забранија новогодишниот огномет за да се избегнат инциденти и да се заштитат животните и птиците, но многу локални жители не ги почитуваа забраните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италија планира казни до 160 евра за…
Италија наскоро би можела да воведе казни…
Италија сака да воведе данок за богатите…
Италијанската влада предложи нова даночна мерка што…
Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…
Италија и Шпанија денеска се согласија да…
(Видео) Протестите во Италија ескалираа – владата…
Италијанската влада ќе испрати 500 армиски војници…
(Видео) Насилни протести во Италија: полицијата употреби…
Италијанската полиција употреби солзавец против демонстрантите во…