Кривични пријави против четири лица – фрлиле експлозивна направа кон куќа во Битола
На 20.09.2025 СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по чл.288 од КЗ
Против Б.А.(33) од Битола, Н.Ц.(25) од с. Ерековци, прилепско, со место на живеење во Битола, И.Ѓ.(40) од Битола и П.Д.(38) од Битола. Имено, на 12.07.2025 околу 02:05 часот Б.А. и Н.Ц., по насоки од И.Ѓ., дошле со мотоцикл во близина на куќа во Битола, по што Б.А. фрлил експлозивна направа кон куќата. При тоа биле оштетени фасади од куќи, прозорци и врати, а биле опожарени седум возила. Четвртообвинетиот П.Д. пак, му помогнал на Б.А. да сокрие докази во врска со кривичното дело. На 19.09 и 20.09.2025, по наредба од Основен суд Битола од страна на полициски службеници од СВР Битола извршени се претреси на повеќе локации во сопственост на осомничените, при што пронајдени биле една рачна бомба, марихуана, шише со непозната течност со семки во внатрешноста, солзавец, предмети со траги од прашкаста материја, како и предмети со кои се извршени кривични дела. Б.А., Н.Ц. и П.Д. се лишени од слобода, а се преземаат мерки за пронаоѓање на И.Ѓ..
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарија отвори кривична истрага за кредитот од…
Унгарските власти вчера соопштија дека отворија кривична…
Еболата во Конго досега однесе над 3.000…
Над 3.000 лица починаа во епидемијата на…
Му побарале уплата на шалтер, тој го…
Инцидент се случил во Клиничката болница во…
Лефков: Талогот на СДС и Филипче за…
Венко Филипче кој има главна улога во…
Определен притвор за едно лице за претепаниот…
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен…