Куба стана земја-партнер на БРИКС
Куба се приклучи на блокот БРИКС како земја партнер, со надеж дека ќе изгради поправеден и подемократски светски поредок, изјави денеска претседателот на карипската земја, Мигел Дијаз-Канел.
– Куба има чест да се приклучи на БРИКС како земја партнер … Пет букви и голема надеж за земјите од југот на тешкиот пат кон поправеден, подемократски, поеднаков и одржлив меѓународен поредок, напиша претседателот на Куба на X.
Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека членките на БРИКС на самитот во Казан ја договориле листата на земји партнери на асоцијацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин: Земјите од БРИКС произведоа повеќе од…
Претседателот на Русија Владимир Путин денеска на…
САД воведоа нови санкции за Куба
САД вчера воведоа нови санкции против кубански…
Големи економски реформи во Куба: Се преминува…
Кубанскиот парламент едногласно одобри вонреден пакет економски…
Воени челници на САД и Куба се…
Шефот на Јужната команда на САД (Саутком),…
САД поднесоа обвинение против екс кубанскиот претседател…
САД поднесоа обвинение против поранешниот кубански претседател…