Кумановец загина откако со мотор излетал од патот Битола-Ресен
Четириесетгодишен кумановец загина вчера откако паднал од мотор на патот Битола-Ресен.
„Вчера во 16.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола- Ресен се случила сообраќајна несреќа, во која Д.С.. (40) од Куманово управувајќи мотоцикл „кавасаки” со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од страна на доктор од Итна медицинска помош Битола кај возачот е констатирана смрт на местото на настанот“, информираат од МВР.
Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, во присуство на јавен обвинител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американец ја тужи „Опен АИ“: Чет-ГПТ ѝ…
Џејмс Гејтс од Северна Каролина ја тужи…
Прекинат транспортот на нафта за рафинеријата во…
Транспортот на сурова нафта преку Јадранскиот нафтовод…
Словенечка или австриска банка кои оперираат во…
Словенечка или австриска банка кои оперираат во…
Ива Михаилова се појави и на БНТ…
По гостувањето во поткаст, во кое наведе…
Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до…
Инстант лозот „Макси златна рипка“, на Државна…