Лав уби чувар во зоолошка во Нигерија: Човекот 10 години се грижел за него
Од еден од лавовите за кои се грижел речиси една деценија бил убиен чувар на зоолошката градина на универзитет во Нигерија.
Олабоде Олавуџи, кој бил одговорен за зоолошката градина на Универзитетот „Обафеми Аволово“ (ОАУ), бил нападнат додека ги хранел лавовите, соопшти Универзитетот.
Колегите не можеле да го спасат чуварот бидејќи лавот му нанел фатални повреди, јавува BBC.
Лавот потоа бил евтаназиран. Чуварот, по професија ветеринарен техничар, се грижел за лавовите уште од раѓањето во зоолошката градина пред речиси девет години. Управата на Универзитетот нареди истрага за причините за инцидентот.
Претседателот на студентската асоцијација на Универзитетот, Абас Акинреми, за нигерискиот весник Vanguard изјави дека нападот се должи на човечка грешка бидејќи чуварот на зоолошката градина заборавил да ја заклучи вратата откако ги нахранил животните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…
Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…
Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…