„Лажна е пријавата дека мајка вршела насилство врз малолетното дете, против таткото кој пријавува имаше мерки за заштита од семејно насилство“, вели адвокатот Митровски
Лажна е пријавата за семејно насилство од страна на мајка, која таткото на малолетник ја поднесе на 28 август во полициска станица, вели за Инфомакс адвокатот на мајката, Јанаки Митровски.
Тој посочува дека таткото бил пријавуван насилник и против него имало мерки за семејно насилство, а потоа, мајката му дозволувала да го гледа детето. Додава дека пријавата доаѓа во време кога мајката одлучува да се премажи, а истата го нема видено своето дете од 4 август, кога и покрај тоа што Центарот за социјални работи ги одбил барањата на таткото, тој не го вратил детето кај неговата мајка.
„Се работи за лажна пријава од страна на насилник татко за кој во минатото детето од вонбрачно партнерство, пред 4 години имаше мерки за заштита од семејно насилство, што значи дека вршел насилство врз мајката. Откако се стабилизира работата, со вонбрачна спогодба имаше дозвола детето да преспива кај него, мајката никогаш не му го бранела. После 6 години, откако мајката одлучува да се премажи, коинцидентно тој приметува дека мајакта била насилна, па на 4 август и пишува на мајката дека детето наводно му кажало дека била насилна и дека нема да и го врати, а 6 години ништо не приметил. Во петокот му се двете постапки, после постапка од Центарот за социјална работа, двете постапки му се одбиени, и за семејно насилство и за предоверување. Тој го носи детето на лекар, без присуство на мајката, без присуство на ЦСР. Тој извештај од лекар ЦСР не го конфирмира, а на 28 август, кажува дека не го враќа детето и од ЦСР оди во станица и лажно пријавува насилство. Веќе имаме пријава и очекуваме обвинителството да постапи бидејќи од 4 август мајката го нема видено детето“, рече адвокатот Митровски за Инфомакс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хакерски напад врз француската „Креди Мутуел Аркеа“,…
Француската банкарска група „Креди Мутуел Аркеа“ потврди…
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната…
Јаневска за истрагата на УГД Штип: Секогаш…
Секогаш ќе има поединци што ќе го…
(Видео) Мицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен…
Македонија се позиционира како значаен енергетски и…
Трагедија во Богданци: Пронајден мртов 21-годишник покрај…
На 03.11.2026 во 18:40 часот Т.К. од…