Лажни се денешните дојави за бомби во Кочани

t

МВР информира дека денешните дојави за поставени експлозивни направи во училишта во Кочани, се лажни. Од МВР апелираме до родителите да не се вознемируваат, училиштата се безбедни.

Од Министерството ја известуваат јавноста дека протоколите за проверки и безбедност на училиштата функционираат и веднаш се преземаат соодветни мерки доколку се појават дојави за наводно поставени експлозивни направи.

Потсетуваме дека раководствата на училиштата имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата односно насоките од Министерството за образование во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на училиштата и гарантираат непречена настава на учениците, велат од МВР.

Веднаш по добиените пријави, денеска полицијата ги направила сите потребни проверки и во врска со пријавите од училишта во Кочани, по добиените пораки на електронските адреси во Кочани и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…

Во просториите на Општина Делчево се одржа…

Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…

Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…

Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…

Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…

Голем пожар во автобуска компанија во Кочани

Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…