Левица: СДС и ДПМНЕ го блокираат намалувањето на банкарските провизии
Пратениците на Левица, уште на средината на јули, до Собранието поднесоа Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи, по скратена постапка. Овој предлог-закон сѐ уште стои заглавен во Комисијата за финансирање и буџет, каде претседател е пратеникот од ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
Предлог-законот предвидува укинување или значително намалување на банкарските трошоци и провизии, со што ќе се стави крај на самоволието на банките. Банките од банкарските трошоци и провизии заработуваат енормно високи профити, а за сметка на нивниот профит се празни џебот на граѓаните. Така, нето-добивката на „Комерцијална банка“ за првите девет месеци годинава изнесува 49,5 милиони евра. Во споредба со истиот период лани, истата е повисока за 65%, односно за 19,5 милиони евра. Слични се резултатите и на другите банки во земјава, и ова е причина за законска регулација на овој општествен проблем.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…