Литванија нема докази дека експлозијата на гасоводот е резултат на напад

t

Извршниот директор Амбер Грид, компанијата задолжена за транспорт на гас од Литванија, Немунас Бикнијус, денес објави дека нема директни докази дека експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија е резултат на напад.

„Според првичната процена, не гледаме напад како причина за експлозијата, но истрагата ќе ги вклучи сите можни опции“, рече Бикнијус на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Пожарот што избувна по експлозијата е изгаснат и повторно е воспоставен транспортот на гас за Летонија.

На видеото кое го објави литванската јавна телевизија ЛРТ може да се види дека има пожар на местото на експлозијата во областа Паневезис во северна Литванија.

Пламенот се искачи на околу 50 метри во воздухот и можеше да се види од растојание од најмалку 17 километри, објави претходно ЛРТ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова се сретна со министерот за надворешни…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот…

Литванија: Нема знаци дека Русија подготвува напад…

Литванија не гледа знаци дека Русија подготвува…

Прогласена воздушна опасност во Литванија, армијата апелира…

Литванија денеска го запре сообраќајот на аеродромот…

Македонија ќе отвори амбасада во Литванија

На предлог на Министерството за надворешни работи…

Франција распоредува борбени авиони во Литванија

Франција утре ќе распореди четири борбени авиони…