Објавено на:

Лихварка од Кочани за заем од 50 евра изнудила 53.700 денари

t

Одделението за внатрешни работи Кочани до Основно јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „лихварство“ предвидено во член 260 став 1 од Кривичниот законик, пренесува Радио Кочани.

Пријавената, во месец октомври 2018 година на женско лице од Кочани ѝ дала на заем 50 евра, а за услугата договорила за себе 1.500 денари месечна камата сѐ до враќање на главниот долг.

С.И., злоупотребувајќи ја тешката имотна состојба и потребата на пријавителката, во периодот од ноември 2018 до март 2022 година остварила противправна имотна корист во износ од 33.000 денари и предмет во вредност од 20.700 денари. Односно, оштетената за заем од 50 евра на пријавената ѝ вратила 53.700 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Кочани ќе има средба со…

Во текот на оваа работна недела, градоначалникот…

Одржан 51 „Марш за ангелите“ во Кочани:…

Во Кочани денеска, 14 ноември 2026 година,…

Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…

Со цел споменот на 63-те загинати во…

Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…

Во просториите на Општина Делчево се одржа…

Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…

Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…