Лоши вести: Едно лице загина на патот Гевгелија -Богданци, се судриле четири возила

t

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во 19:45 часот на патот Гевгелија-Богданци. Во сообраќајката учествувале четири патнички возила, соопшти портпаролката на СВР Струмица, Алекснадра Трајанова.

-Во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на регионален пат Гевгелија – Богданци се случила сообраќајна несреќа во која учествувале четири патнички возила – две марка “мерцедес”, “опел корса” и “хјундаи”. Во несреќата на самото место починал возач на едно од возилата. Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на Полициската станица Гевгелија, изјави Трајанова.

Според известувањето од Регионалниот центар на ЦУК-Струмица, патот е затворен, а сообраќајот се пренасочува преку селото Богородица.

ТППЕ Гевгелија е излезена на местото на несреќата со едно против – пожарно возило и тројца пожарникари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Србија од 1 јануари се зголемува…

Жените во Србија од 1 јануари 2027…

Зеленски до Путин: „И јас можам да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…

Казино во Кичево крадело струја со уред…

Од Електродистрибуција утрово информираа дека, по спроведени…

Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…

Со цел споменот на 63-те загинати во…

Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…

Секој кој ќе ги исполни условите може…