Објавено на:

ЛУДИЛО: Пакистанец ја убил ќерката кога видел видео на кое таа танцува, уште една девојка убиена оти се омажила за маж по нејзин избор

t

Две одвоени убиства на девојчиња од страна на нивните татковци го шокираа Пакистан, каде во пораст е насилството врз основа на пол, јави ДПА.

Полицијата во северозападниот регион на земјата денеска уапси татко кој ја убил својата 18-годишна ќерка откако видел видео на кое таа танцува, изјави претставник на локалната власт. Таткото збеснал откако го погледнал видеото кое било објавено на социјалните мрежи без согласност на девојчето, додал претставникот, повикувајќи се на мајката на жртвата.

Неколку часа подоцна, 19-годишна девојка била застрелана од нејзиниот татко пред судот во градот Карачи, затоа што се омажила за маж по нејзин избор, изјави полициски претставник.

Овие последователни случаи фрлаат светлина врз таканаречените „убиства поради чест” – сурова практика меѓу некои групи во конзервативното исламско општество, посочува ДПА.

Според Комисијата за човекови права на Пакистан, секоја година околу 1.000 луѓе во земјата ги убиваат своите блиски роднини под изговор дека ја штитат честа на своето семејство. Во повеќето случаи, убиецот се извлекува неказнето поради исламската клаузула во пакистанскиот закон која им дозволува на роднините на жртвата да го помилуваат сторителот, соопшти „Амнести интернешнел”.

Според Комисијата за човекови права на Пакистан, во 2016 година во земјата бил донесен закон со кој делумно ја отстранил контроверзната клаузула, но тоа не се покажало доволно за да се стави крај на практиката.

„Родовото насилство е епидемија во Пакистан”, напиша на Твитер политичарката Шаза Фатима Каваја.

„Тоа се убиства што може да се спречат доколку државата и општеството посветат внимание на менталитетот кој стои зад нив”, додаде активистката за човекови права Сара Малкани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пакистан ги забрани сите новогодишни прослави во…

Владата на Пакистан ги забрани сите новогодишни…

(Видео) Огромни огнени пламени голтнаа цел трговски…

Голем пожар избувна во трговскиот центар Арши…

Пакистан поднесе барање за приклучување кон БРИКС

Исламабад поднесе барање за приклучување кон БРИКС…

Во пограничен инцидент во Кашмир загина индиски…

Во вчерашната престрелка помеѓу индиските и пакистанските…

Пакистан прогласи вонредна состојба поради енормното загадување…

Пакистанските власти денеска воведоа „вонредна состојба“ во…