Лaжеле дека не зеле дpoгa: Објавени пораки меѓу другар на Матеј и неговата девојка

t

Хрватската полиција направила добар дел од работата што не ја завршила српската полиција, а се однесува на истрагата на околностите кои му претходеле на исчезнувањето на 27-годишниот Матеј Периш во Белград, пишува Слободна Далмација.

Покрај испрашувањето на сите пријатели на Матеј, полицијата ги поседува и сите пораки кои меѓусебно си ги размениле. Колку овие пораки ќе го осветлат исчезнувањето на самиот Матеј тешко е да се замисли, но барем ќе донесе некаква слика за настаните што му претходеа на неговото исчезнување.

Весникот поседува дел од кореспонденцијата на WhatsApp меѓу пријателот на Матеј, Б. кој беше со него во Белград таа критична вечер и девојката на Матеј, С. која останала во Сплит и не дошла во Белград со друштвото. Преписката се однесува на денот по исчезнувањето на Матеј Периш и на пет-шест дена потоа.

Така, во првата порака Б. и пишува на девојката на Матеј С.: „Не знам што му стана. Халуциногени дроги или нешто. Слично… Не земавме, не знам што му се случило.”

С. му одговара: „Па, не верувам дека е сам па крие, освен ако некој од таа група не му понудил, не е женска да му го стави во пијалокот“.

Б. потоа и пишува: „Навистина не разбирам“.

Б. потоа неколку дена одговара на пораките на С., но тие не се поврзани со оваа тема, а неколку дена подоцна оваа приказна се обновува меѓу нив.

Б. ѝ пишува: „Може да биде тоа што кажа. Но тој пак ќе дојдеше кај Миро, ќе кажеше одам да го решам тоа, не би му рекол дека ќе прави обиколка низ клубот, навистина не знам што да кажам“.

С. тогаш одговара: „Да, но патем, тој влегува во приказна во таа група со човек, можеби не планирал. Или таа Маја ги користи и тие чуда, дека таа му решила некого.

Б. ѝ одговара: „Можеби е реално, колку што знам Маја не користи“.

С. понатаму прашува: „Дали му беше криво што вие и задарчани земавте, а тој не?

Б.: „Тој не ни знаеше. И тоа беше откако исчезна“.

Секако, во оваа преписка има чудни детали, а тоа е зошто другарот на Матеј, Б. ја менува приказната (не зеле, па зеле) и како девојката С. ја знае состојбата со задарчани.

Вакви пораки има десетици, а полицијата прави мозаик на целосна реконструкција на односите и случувањата во клубот и по заминувањето на Матеј, затоа што веќе е направена реконструкција на трасата на движење на Матеј и се што е видливо за камерите.

Можеби овој доказ нема да помогне да се најде Матеј, но ќе расветли зошто Матеј излетал од клубот „Готик“ во маица и зошто по десет минути трчање истрчал кон реката Сава по скалите под ресторанот „Сава нова“.

Како што дознава Јутарњи лист, полицијата во меѓувреме утврдила и извршила разговори со „задарскиот тим“ кои таа вечер биле во „Готик“ до групата на Матеј Периш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија е меѓу подобрите на Балканот: Еве…

Грција има 114.12 тони резерви на злато,…

Франција е посветена на проширување на ЕУ…

Специјалниот делегат на Франција за Западен Балкан,…

Рама: Конечен мир на Балканот ќе се…

Албанскиот премиер Еди Рама за Франс 24…

Столтенберг: НАТО ја разгледува можноста за зголемување…

НАТО ја разгледува можноста за зголемување на…

Курти: Косово треба да биде дел од…

Косовскиот премиер Албин Курти преку објава на…