Македонската влада во вторник во Софија
Македонската Влада следниот вторник на 25 јануари ќе биде во Софија, соопшти денеска на седница на бугарската влада премиерот Кирил Петков.
„Треба да ги завршиме работите кои не се завршени. Треба да видиме како да направиме железничка линија меѓу Софија и Скопје во најкус можен рок, како да патуваме побрзо со автомобил, како навистина да имаме половина час лет, како да имаме културен календар, како да се координираат образовните програми. Сето тоа ќе биде направено на претстојната владина седница на 25 јануари“, рече Петков и додаде дека ќе биде изготвен реален план за постигнувањата во наредните шест месеци.
Тој заедно со министри од неговата влада во вторникот беа во Скопје на средба со новиот македонски премиер Димитар Ковачевски. Најавија нов пристап во решавање на спорот меѓу Скопје и Софија поради кој Бугарија во 2020 година ги блокираше македонските европски интеграции. Тој пристап според најавите повеќе ќе се фокусира на економијата и иднината отколку на историјата.
Заедничка седница на двете влади која ќе се одржи во вторник во Софија беше најавена и при посетата на Петков на Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата прави методологија струјата да не поскапи,…
Владата прави методологија за да се задржи…
Два американски воени авиони слетаа на аеродромот…
Два големи американски воени авиони биле забележани…
Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…
Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…
Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…
Владата излезе со јасен став во врска…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
