Македонската полиција експресно пронајде криминалец баран со меѓународна потерница

t

Германската федерална канцеларија за борба против криминалот (БКА) упати писмо со благодарност до Бирото за јавна безбедност на нашата земја по повод минатомесечното брзо пронаоѓање и лишување од слобода на германскиот државјанин П.Д.Р. (36).

Имено, на 23.11.2023 околу 18:00 часот на ул.„Руди Чаевац” во Скопје од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потраги, во рамки на оперативната акција „Жетва”, од слобода беше лишен П.Д.Р. од Визбаден, Германија, кој бил баран по меѓународна потерница за недозволена трговија со дрога. Приведеното лице е соучесник во група која транспортирала наркотични дроги од Шпанија во Германија, со цел нејзино препродавање, а воедно веќе било осудено на затворска казна од три и пол години.

Според германската БКА, ова е „сјаен пример за успешна меѓународна полициска соработка во потрага од особено значење“, за што се заслужни полициските службеници од МВР – Биро за јавна безбедност – Сектор за меѓународна полициска соработка кои „во импресивно кус временски период“ го пронашле бараното лице, при што е истакната координативната улога на Отсекот за меѓународна потрага по лица (FAST MKD), „без кој овој успех не би бил возможен“.

Ова е уште еден показател дека борбата против целокупните современи глобални предизвици бара глобален и регионален пристап, активна оперативна соработка и заедничките стратегии во делувањето, но и признание за посветеноста на македонската полиција и подготвеноста за активна глобална полициска соработка, континуирана размена на идеи, оперативни податоци и заеднички активности чија цел е глобална безбедност.

МВР останува посветено на континуираното зајакнување на регионалната и меѓународната соработка во справувањето со современите безбедносни предизвици, како што се недозволената трговија со дрога и оружје, нелегалната миграција и криумчарењето на мигранти, трговијата со луѓе и слично, како кредибилен партнер за соработка и пример во регионот. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска не се откажува од барањето за…

Шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски во…

Жител на Тетово остана и без 21.000…

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот…

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ПРИВЕДЕН ВО КОСОВО: Била распишана…

Во Косово е приведен државјанин на Република…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…

Бербок: Германија не може да прифати Кина…

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска…