„Македонскиот јазик не се става на гласање!“ – предупредува проф. Ќулафкова

t

Во врска со предлогот на Антонио Милошоски за заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент за потврда на македонскиот идентитет и јазик, проф. д-р Катица Ќулафкова реагира со остро несогласување. Таа смета дека таквиот чекор е крајно неодговорен и претставува „еден вид руски рулет за Македонија“, бидејќи македонскиот јазик е веќе признат факт во науката, политиката и културата.

-Предлогот за заедничка резолуција на Македонија со Бугарија за потврда на македонскиот идентитет и јазик, сугериран од г. Антонио Милошоски, ја загрижува македонската научна и културна јавност и во никој случај не би требало да се процесуира официјално од македонските државни институции, од повеќе причини:
– Македонскиот јазик има свој историски континуитет и развој, свој дијалектен систем, своја кодификација, свои предкодификации и признанија во текот на многувековната историја и не смее да биде предмет на произволни политички и партиски ставови;
— Македонскиот јазик е признаен од славистиката и во науката за јазикот во меѓународни рамки;
– Македонскиот јазик е признат од ОН уште од самото нивно основање;
– Македонскиот јазик беше и е признаен од две третини најмалку од постојните држави во светот;
– Македонскиот јазик е признаен во меѓуанародните асоцијации на писателите (Меѓународен ПЕН и др.)
– Од македонски јазик и на македонски јазик се преведени илјадници книги и автори;
– Македонското јазично прашање е заштитено и со Преспанскиот договор;
– Македонскиот јазик беше официјален државен јазик на Југославија, како и на Македонија и кога беше во составот на федерацијата и од основањето на независна Република Македонија;
– Постојат бројни лекторати за македонски јазик во Европа и светот;
– Македонистиката е ценета научна дисциплина, и тоа никој не го довел во прашање;
Затоа, да се бара од соседна Р. Бугарија да поднесеме заедничка Резолуција пред Европскиот парламент за признавање на македонскиот јазик, за признавање на ноторен лингвистички, научен и културен факт, е еден вид „руски рулет“ за Македонија, крајно неодговорен чин.
Билатералните политички спорови треба да си останат локални, билатерални и политички, а не да им се даде шанса да го загрозат статусот кој веќе е стекнат по сите основи.
Подобро е македонската Влада да ги поддржи како стратешки приоритетни научните проекти за македонскиот јазик на МАНУ, Институтот за македонски јазик и др. институции, да ги стимулира младите да го изучуваат и да се вработуваат соодветно, да ја шири и подобри мрежата на лекторати по македонски јазик и др. и да не дозволи импровизација со политички партии, групации и лоби групи во ЕП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…