Макрон се заложи за понезависна ЕУ од САД
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Брисел повика на „понезависна“ Европска унија (ЕУ) од САД во однос на набавките и колективната безбедност.
-Многу е едноставно. Треба да бидеме повеќе наклонети кон домашните набавки, рече Макрон по пристигнувањето во Брисел на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ со генералниот секретар на НАТО Марк Руте и британскиот премиер Кир Стармер.
Макрон рече дека изјавите на новата американска администрација на Доналд Трамп „ги туркаат Европејците да бидат пообединети и поактивни во одговорот на прашањето за колективната безбедност“.
Францускиот претседател додаде дека ЕУ треба да напредува во својата одбранбена индустрија и да инвестира повеќе за Унијата да биде во предност.
Според него, ова вклучува повеќе европско финансирање, исклучување на воените трошоци од буџетските правила на Пактот за стабилност и приоритет на европските набавки.
Макрон рече дека Европа ќе направи се за да биде почитувана во случај на „напад“ на нејзината меѓународна трговија.
-Доколку бидеме нападнати во однос на трговијата, Европа како сила која се држи ќе треба да стори се за да биде почитувана, односно да реагира, рече Макрон, алудирајќи на најавата на Трамп за воведување царини од ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова со претседателката на турската Црвена полумесечина:…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Фатма…
Марк Маркес против новиот Мото ГП формат:…
Мото ГП од 2027 година воведува нов…
Поголема безбедност за музеите и артефактите: Тошковски…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…
Почина Горан Баре, фронтменот на „Мајке“
Горан Баре, еден од најпознатите хрватски рок-музичари…
Краделе ореви и бадеми во Кавадаречко: Двајца…
Вчера во 13:30 часот во Кавадарци, полициски…