Малку историја: На денешен ден беше отстранета оградата пред Владата на Република Македонија
Дваесет месеци откако го почна мандатот, Владата веројатно го исполни единственото ветувањето дека ќе ја отстрани оградата околу својата зграда. Неколку десеттини работници утрото на 07.02.2019 година започнаа со сечење и вадење на железните решетки меѓу столбовите, една по една.
Оградата ја постави претходниот владин кабинет и таа е дел од проектот „Скопје 2014“, заедно со реконструкцијата на фасадата на владиното седиште.
Уривањето на оградата беше најавено како еден од првите потези што ќе ги направи поранешбиот премиер Зоран Заев откако ќе ја презеде премиерската функција.
Оградата ќе се одложи во депо. Бетонските столбови засега нема да се уриваат бидејќи, според објаснувањето н, нивното отстранување ќе чини премногу, затоа што, меѓу другото, биле вкопани 1,3 метри во земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се братот на Давор Мацура и…
Уапсени се Дубравко Мацура, брат на сопственикот…
„ПЛАТАТА МИ ТРАЕ ДО 15-ТИ ВО МЕСЕЦОТ“:…
Во Грција од утринава фериботските линии до…
Од вечерва нагло влошување на времето –…
Студен бран со обилни врнежи од дожд…
Целеска: Алта банка е солвентна, ликвидна и…
Алта банка е солвентна, банката е ликвидна…
Кривична пријава против Вучиќ и Брнабиќ поради…
Пензионираниот главен даночен инспектор Душко Вуксановиќ денеска…