Марио Драги: Вистинската причина за намалувањето на гасот има политичка позадина
Италијанскиот премиер Марио Драги во четвртокот ги изрази своите сомнежи во врска со вистинската природа на намалувањата во снабдувањето со гас, што ги засега сите европски земји.
Според неговата изјава, Италија и Германија сметаат дека не е точно објаснувањето на Русија дека прекините на гасот се резултат на техничка неисправност на опремата што не може да се замени поради санкциите. Според него, вистинската причина за намалувањето на трансферот на гас има политичка позадина, исто како и во случајот со извозот на пченица.
Претходно денеска руската државна енергетска компанија PJSC Gazprom објави дека трансферот на гас на италијанската енергетска компанија Eni S.p.A. ќе се намали на 65% од првично бараниот волумен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во Италија поради одлуката на синџир…
Одлуката на енергетскиот гигант Ени предизвика голема…
Мелони забранува носење на бурки и никаби…
Италија се подготвува да го забрани покривањето…
Италија: Дронот што го соборивме над Литванија…
Италија соопшти дека дронот што италијански борбен…
Италија ја продолжува суспензијата на Шенгенскиот договор…
Италија ја продолжи суспензијата на Шенгенскиот договор…
Кими Антонели победник на ГН на Италија:…
Возачот на Мерцедес, Кими Антонели е сензационалниот…