Маричиќ за Русковска: Имаме завидни резултати во борбата против корупцијата

t

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ , не смета дека суспендирањето на обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска и повлекувањето на директорот на финансиската полиција Арафат Муареми ќе влијае на ефикасноста на борбата против корупцијата во која, според него, сме покажале завидни резултати изминатите пет години.

-Муареми не поднесе оставка туку му истече мандатот и одлучи дека нема да бара продолжување. Тоа беше негова лична одлука. За суспензијата на обвинителката Рускосвка , за причините и аргументите за тоа, треба да ги прашате во Јавното обвинителство, бидејќи тоа е нивна одлука. Нам како влада ни е важно сето тоа да се случува во институциите и во законските рамки и да покажеме дека имаме механизам за справување со сите предизвици.

Ние покажавме изминатите пет години завидни резултати во борбата против корупцијата какви што нема во регионот : изрековме пресуди на поранешен премиер, двајца поранешни министри за внатрешни работи, на поранешен шеф на тајна служба…Навистина има сериозен број на случаи и сериозни случаи кои добиле или се пред судска разрешница. Тоа не значи дека е доволно и дека треба да застанеме на тоа, но мислам дека институциите покажаа капацитет кога треба да испорачуваат резултати“, рече Маричиќ.

Тој најави дека Владата е одговорна да го именува новиот директор на финансиската полиција и очекуваше таа одлука да биде донесена брзо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ален Рустемовски по Европското првенство: Најдоброто допрва…

Боксерот Ален Рустемовски се огласи на социјалните…

Америка објави „докази“ за постоењето на митското…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави доверливи…

(Видео) Илјадници граѓани во Загреб му оддадоа…

Илјадници граѓани вечерва се собраа во Загреб…

Над 27.000 домаќинства иселени присилно во Германија…

Во Германија минатата година биле спроведени 27.446…

Тешка сообраќајна несреќа во БиХ: Се судриле…

Едно лице загинало во тешка сообраќајна несреќа…