Маричиќ: Планот за раст ни дава дополнителна сила и мотивација да не се откажуваме од европската иднина, за доброто на сите граѓани

t

„Она што го баравме од Европската Унија конечно е извесно дека ќе се оствари откако Советот на ЕУ и Евроспкииот парламент постигнаа согласност за предлогот на Европската Комисија за воспоставување на Инструментот за реформи и раст, односно Планот за раст за земјите од Западен Балкан.

Ова претставува значаен чекор напред за Северна Македонија на патот кон ЕУ, како земја која веќе ги започна пристапните преговори и успешно ја заврши првата фаза односно скрининг процесот.

Со други зборови Европската унијата се заложува да ја спроведе една од најголемите инвестициски стратегии за интеграција на регионот на Западен Балкан, преку заедничка соработка со вкупно 2 милијарди евра во грантови и 4 милијарди евра во заеми, за помош во реформите поврзани со ЕУ и економското приближување до европскиот стандард.

Овој чекор ја нагласува посветеноста за поддршка на усогласувањето на Северна Македонија со вредностите, законите и стандардите на ЕУ, со што значително ќе се забрза ефектот со сите социо-економски придобивки на нашиот пат кон полноправното членство во ЕУ.

Инструментот ќе се реализира во периодот од 2024 до 2027, ќе го надополни постоечкиот Инструмент за претпристапна помош (ИПА III), значително зголемувајќи ја финансиската помош за партнерите во регионот.

Целта на Планот за раст е да ги поддржи партнерите на ЕУ од Западен Балкан во преземањето реформи поврзани со ЕУ и ќе го стимулира економското приближување со ЕУ, врз основа на амбициозните реформски агенди.

Пораката од ЕУ се надоврзува на нашите заложби, го потврдува она што ни е нам важно, ЕУ сака Македонците да бидат дел од Унијата. Во меѓувреме потребно е да ги реализираме реформите преку стратешки планови со цел раст на регионот и државата кои ќе донесат значителни социоекономски придобивки за сите граѓани.

Токму затоа, Планот за раст ни дава дополнителна сила и мотивација да не се откажуваме од европската иднина, за доброто на сите граѓани. “

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО бара мерки на претпазливост за Дарко…

Основното јавно обвинителство бара мерки на претпазливост…

Две слични сообраќајки вчера: Автомобили се забиле…

Две лица се тешко повредени во слични…

Лукашенко ја поддржува изградбата на втора нуклеарна…

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека…

Зеленски ептен оптимист: Украина ќе влезе во…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски е убеден…

Astra Zeneca призна дека нејзината вакцина може…

Британско-шведската фармацевтска компанија Astra Zeneca објави дека…