Маричиќ ќе го менува Груби на местото прв вицепремиер во техничката влада?

t

Во техничката влада која треба да ја предводи Талат Џафери, а која Собранието треба да ја избере во недела на 28 јануари, Бојан Маричиќ ќе биде прв вицепремиер задолжен за европски прашања, додека Артан Груби останува вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Висок владин функционер за „Слободен печат“ ја потврди информацијата и според објаснувањето, ротацијата на Груби и Маричиќ на првото вицепремиерско место е дека првиот заменик на претседателот на Владата треба да биде од спротивната партија во владината коалиција.

Во случајо, претседателот на Собранието Џафери, кој се очекува денеска да поднесе оставка за потоа да биде номиниран за премиер на техничката влада е од ДУИ, партиа од која е и актуелниот прв вицепремиер Груби. Според тоа, прв вицепремиер треба да биде од СДСМ, односно на таа функција ќе биде предложен актуелниот вицепремиер за европски  прашања Бојан Маричиќ.

Според владиниот функционер, во техничката влада ќе нема промена на министрите, односно освен министрите за внатрешни работи и за труд и социјала и дополнителните заменици министри во ресорите финансии, информатичко општество, земјоделство, кои доаѓаат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, останува актуелниот владин состав.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата прави методологија струјата да не поскапи,…

Владата прави методологија за да се задржи…

Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…

Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…

Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…

Владата излезе со јасен став во врска…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…

Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…