Марковски: Денешниот ден за Обвинителството е поголема победа
Денешниот ден за Обвинителството е поголема победа затоа што беше изречена казна затвор која што во историјата на овој суд, за ова кривично дело, и кога станува збор за една жртва, не била досега изречена, а сметајќи на висината од 12 години казна затвор, сепак Обвинителството го задржува правото на жалба и да бара и повисока казна затвор, изјави обвинителот Александар Марковски, во изјава за медиумите пред Кривичниот суд Скопје, по објавувањето на пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Обвинителот посочи дека станува збор за трагичен настан каде што нема простор ниту за славје, ниту за разочараност.
– Во поглед на тоа самопризнание, мислам дека придонесе и ефикасната и брза истрага, кон која придонесе и со свој кадар и напори МВР кои беа на висина на задачата, како и истражителите од ОЈО Скопје, изјави Марковски.
Казна затвор од 12 години му одреди Судот на Васил Јованов, врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…
Бебе на возраст од 11 месеци е…
Приведен романскиот возач на камионот по трагедијата…
Романскиот државјанин кој управувал со камионот што…
Во Собранието надзорна расправа за „АЛТА банка“
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија го прогласи 11 ноември…
Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…
Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…