Марш на ангелите во сабота: Да покажеме дека нема да молчиме и да заборавиме
Родителите на починатите деца во кочанската дискотека „Пулс“, ги повикуваат граѓаните да им се приклучат на Маршот на ангелите во сабота.
-9 Мај — Ден на Европа и Ден на победата над фашизмот. Ден што симболизира победа над темнината, неправдата и системите што го газат човечкиот живот. Ден што треба да нè потсетува дека општество без одговорност и правда — не може да биде навистина слободно.
Но за нас, ова не е само датум. Ова е уште еден ден во кој 63 семејства живеат со тишина што боли погласно од сè. Затоа и оваа сабота повторно излегуваме на „Маршот на ангелите“. Со достоинство. Со болка. Со непокор, пишува во повикот.
Маршот е закажан во 16 часот и 50 минути, од Паркот на Револуцијата во Кочани.
-Ќе чекориме за нашите 63 ангели. За вистината. За правдата што предолго ја чекаме. На ден кога Европа зборува за вредности, а светот за победа над фашизмот — ние прашуваме: Што вреди секоја декларација, ако човечкиот живот остане без правда? Нема вистинска победа над темнината додека институциите молчат, а одговорноста се разводнува. Ние немаме право да се откажеме. Затоа што тие ги немаат своите гласови — па ние ќе зборуваме за нив. Затоа, ги повикуваме сите граѓани, сите што веруваат во правда и човечност — да ни се придружат. Да покажеме дека нема да молчиме. Дека не забораваме. И дека 63-те ангели заслужуваат вистина, достоинство и правда. Дојдете. Чекорете со нас, пишува во повикот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…
Можете да ја одложувате правдата, но не…
Родителите на загинатите млади во пожарот во…
ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…
МВР информира дека вчера попладне во 12:45…