Објавено на:

Масакрите во Босна немаше да се случат ако Ердоган ја водеше Турција, велат од неговата партија

t

Заменик-претседателот и портпарол на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АК Партија), Омер Челик, рече дека масакрите и трагичните настани за време на агресијата врз Босна и Херцеговина немаше да се случат доколку во тоа време беше денешна Турција, а на нејзино чело да беше актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, објави агенција Анадолија.

Челик престојуваше во јужниот турски град Адана, каде што се состана со претставници на Здружението Босна-Адана. Челик на средбата со претставниците на ова здружение пристигна со турскиот автомобил ТОГГ.

Челик во разговор со членовите на здружението се потсети на моментите кога го придружувал турскиот претседател Ердоган на враќање од посетата на една странска земја, кога добиле информација дека е хоспитализиран првиот претседател на РБиХ, Алија Изетбеговиќ, поради што решиле да слетаат во Сараево.

„Итно слетавме во Сараево. Бев со нашиот претседател кога отидовме во болницата. Тогаш претседателот разговараше со Алија (Изетбеговиќ, заб.ав.) и му рече: ‘Сакаме да ве пренесеме на лекување во Турција’, на што Алија рече: ‘Не сакам да заминам одовде’“, раскажа Челик.

Наведувајќи дека во неколку наврати бил во Босна и Херцеговина, Челик направи паралела меѓу Босна и Азербејџан. Тој рече дека за време на неговиот престој во Босна видел бункери изградени од српските снајперисти за убивање Бошњаци, а исти такви бункери, како што рече, изградиле и Ерменците за време на војната во Карабах.

„Тогаш почнав да размислувам: ‘Да постоеше денешна Турција во времето на војната во Босна, да беше Реџеп Таип Ердоган на чело , немаше да се случи ниту еден од тие масакри“, порача Челик, додавајќи:

„Моќта на Турција значи зачувување и заштита на исламот на Балканот. Она што е најпотребно денес е мир. Волјата на нашиот претседател да го зачува мирот е толку силна и толку прифатена што дури и тамошните српски челници даваат изјава во која велат дека ‘Ердоган треба да биде избран’ бидејќи никој повеќе не сака војна.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девет железничари во Турција осудени на над…

Судот во Турција осуди деветмина железничари на…

Да земјотреси утринава ја стресоа Анталија

Два земјотреси со јачина од 3,9 го…

Земјотрес од 4,5 степени според Рихтер ја…

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според…

Бугарски автобус се преврте во Турција: 11…

Во Турција се преврте бугарски автобус. Повредени…

Бомбардерите „Б-1Б“ на американските воздухопловни сили пристигнаа…

Два американски бомбардери „Б-1Б Лансер“ извршија рутинска…