Маск: САД и Европа ја загубија војната во Украина
Американскиот милијардер Илон Маск се согласи со оценката, објавена на социјалната мрежа „Х“, дека Крим и дел од источна Украина ќе останат руски, истакнувајќи дека е само прашање уште колку деца ќе треба да умрат пред тоа да се признае.
Маск, кој е сопственик на „Х“, одговори на објавата на корисникот по име „Вол Стрит Силвер“, кој изјавил дека 60 милијарди долари дополнителна помош за Украина нема да му помогнат на Киев да го надмине ќор-сокакот.
„САД и Европа ја загубија оваа војна“. Дојде време Бајден, Макрон и Шолц да признаат дека изгубиле. Русија ќе го задржи Крим и дел од источна Украина. Никој нема да го промени тоа“.
Маск се согласи со оваа оценка, пишувајќи: „Навистина. Прашањето е само колку деца ќе умрат пред да се признае“.
Во саботата Маск го осуди притисокот на Бајден врз американскиот Конгрес да го поддржи доделувањето на нов пакет помош за Украина. Бизнисменот истакна дека украинскиот конфликт требало да заврши пред една година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран тврди дека има загинати и ранети…
Иранските сили извршиле напади со беспилотни летала…
Нови детали за акцијата на МВР и…
Еврејски бизнисмен, кој работи во голема грчка…
Полска спречила можна руска провокација кај границата…
Полските безбедносни служби спречиле можна провокација на…
Главниот товар на истрагата го имаа безбедносните…
Овој случај уште еднаш покажува колку е…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта…
„СДС ја побара надзорната расправа за Алта…