Масовна тепачка во Кочани: Се мавале со стаклени предмети, полицијата морала да пука!
Седум луѓе учествувале во тепачка во трговски центар во Кочани, а употребувани биле и стаклени предмети. Како што соопшти МВР, двајца од учесниците во тепачката завршиле со исеченици, а полициски службеници пукал во воздух за да ја смири ситуацијата
„Денеска во раните утрински часови поточно во 01.15 часот полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода Џ.Ц.(29), Џ.Б.(33), И.К.(27), М.М.(30), Д.Д.(21), Г.Т.(25) и Б.С.(22), бидејќи пред угостителски објект во трговски центар во Кочани, по претходна расправија, започнале меѓусебна физичка пресметка во која учествувале Џ.Б., М.М., К.А., И.К. и Џ.Ц. од една страна, а Л.Т., Г.Т., Д.Д. и Б.С., од друга, а бил употребен и стаклен предмет“, известуваат од МВР.
29-годишната Џ.Ц. била приведена бидејќи ги попречувала полициските службеници во вршењето на службените дејствија.
„Од полициски службеник во воздух биле испукани два предупредувачки истрели, лицата биле приведени во полициска станица, а Џ.Б. и Л.Т., поради исеченици со кои се здобиле при пресметката, биле пренесени во Општа болница Кочани“, се вели во билтенот.
По целосно документирање на случајот, полицијата најавува дека во координација со Јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…
Можете да ја одложувате правдата, но не…
Родителите на загинатите млади во пожарот во…
ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…
МВР информира дека вчера попладне во 12:45…