Мајка на загинат во Пулс му одговори на Тошковски: Зошто кога бевме кај него не нѐ праша дали нѐ организира опозицијата?!
Зошто кога бевме кај него не нѐ праша дали нѐ организира опозицијата?! – мајката на загинатиот ди-џеј од дискотеката Пулс во коментар на Фејсбук му одговори на министерот Панче Тошковски кој рече дека родителите на загинатите биле организирани од опозицијата за да дојдат во Скопје.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, смета дека тоа што родителите на загинатите во трагедијата во Кочани не дошле случајно да протестираат во Скопје на денот на кој Собранието расправаше за интерпелацијата за неговата работа. Тошковски вели дека луѓето биле „организирани“ да одржат протест во Скопје тој ден, од страна на „опозицијата“, без да прецизира кој точно од опозицијата ги организирал
Министерот вчеравечер во гостување на ТВ„Алфа“ рече дека „се срами што е дел од општество во кое опозиција сака на сметка на солзи на родители кои изгубиле чедо, да добие лајк на Фејсбук“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…
Во просториите на Општина Делчево се одржа…
Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…
Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Голем пожар во автобуска компанија во Кочани
Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…