МВР вечерва тресе во затворот Идризово
Припадници на специјалната единица на МВР доцна попладнево упаднале во затворот „Идризово“ и вршат претреси, објави „Макфакс“.
Специјалците дејствуваат во кординација со затворската управа, а блокирани се сите влезови и излези на полуотвореното и отвореното одделение, односно во новиот дел на затворот.
Неофицијално, како што пишува „Макфакс“, станува збор за справување со осуденици кои биле дел од наркогрупа која сега е проблематична за контролирање од страна на управата. Полицијата наводно повторно бара дрога, телефони, пари, оружје и други недозволени предмети.
Изминатава недела пред џамија во Студеничани беше запален службен автомобил кој го користел заменик-директорот на „Идризово“, а претходно под неразјаснети околности изгореа и три автомобили на вработени во нашиот најголем затвор.
Во неколку наврати претходно во затворот Идризово
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…
Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…
Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…
Со цел да не се шират шпекулации…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…
Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…
Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…