МВР ги соопшти бројките: Напишани 140.000 санкции за една година

t

Полицијата тврди дека се намалил економскиот криминал, а за 4,2 отсто дури се намалил и класичниот криминал, бројка која според полициските анализи за овие кривични дела се на најниско ниво во последните 16 години.

Во 2021 година полициските службеници издале дури 139.806 казни за сторени прекршоци, а претходната, 2020 година, биле напишани само 77.535 казни, што претставува зголемување за 80 отсто во однос на 2020 година. Најголем број од казнетите граѓани се за сторени сообраќајни прекршоци, а помал број се за непочитување на Уредбата за носење лична заштита и за спречување на ширење на ковид-19, се вели во Годинешниот извештај на МВР за минатата година.

Според МВР, криминалитетот во државава бележи намалувачки тренд, при што бројот на регистрирани кривични дела е намален за 9,2 отсто во споредба со 2020 година. Полицијата тврди дека се намалил економскиот криминал, а за 4,2 отсто дури се намалил и класичниот криминал, бројка која според полициските анализи за овие кривични дела се на најниско ниво во последните 16 години.

„Минатата година евидентирани се 23.058 кривични дела, а биле пријавени 17.302 сторители од кои 31 се фирми и компании, а 1.232 сторители се деца. Полицијата тврди дека е забележано и намалување на кривични дела извршени од деца за цели 14,7 отсто. Според местото на извршување, најголем број на кривичните дела се извршени во Скопје, Битола, Штип и Тетово. Во споредба со 2020 година, има големо намалување и кај кривичните дела против државата. Станува збор за намалување од рекордни 57 отсто. Лани во светот на наркотиците, полицијата уапсила 10 организирани криминални групи во кои „членувале“ 61 лице, од кои седуммина се албански државјани, а биле уапсени по пет полициски и царински службеници“, се вели во Годинешниот извештај на МВР.

Исто така лани МВР успеало да открие само две добро организирани криминални групи кои шверцувале мигранти. Во двете групи имало 19 лица, а во првата група имало лица од Македонија, но и криумчари од Блискиот и Средниот Исток.

Од областа на недозволената трговија со културни добра, откриена била една осумчлена банда чии членови вршеле ископување на археолошки предмети на ловиштето Ниџе-Кајмакчалан, од каде се краделе предмети кои биле под заштита и културно наследство на Македонија.

Во 2021 година откриени се 157 (2020 година – 97) кривични дела, што претставува зголемување на откриениот криминал за рекордни 62 отсто. Притоа кривично се пријавени 261(2020 година – 161) сторители, додека причинета е материјална штета од над 150(2020 година – 100) милиони денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хеликоптерите на МВР исфрлија над 50…

Денеска (15.04.2024) Одделот за воздухопловни единици на…

МВР бришеле доказен материјал, тврди Салиу и…

Уништување на доказен материјал е кривично дело,…

Се трага по дедо од Скопје –…

Постар жител на општина Аеродром, Скопје, со…

Кривична пријава за „несовесно работење во службата”…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…