МВР: Двајцата пожарникари се обиделе да го спасат кучето во Тетово
Секторот за внатрешни работи Тетово излезе со соопштение за случајот што ја ужасна јавноста по снимката како куче навидум е фрлено од седми кат од зграда во Тетово.
Од СВР Тетово велат дека двајцата пожарникари се обиделе да го спасат кучето кое залутало во зградата во изградба, но безуспешно бидејќи кучето веќе умрело.
„Педесет и осумгодишниот Ѓ.З. од Тетово, вчера (22.03.) во 18:40 часот во СВР Тетово пријавило дека околу 17:00 часот, куче паднало од балкон на шести кат од зграда во изградба на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, пред ул. зграда каде што живеел и дека набргу потоа кучето умрело.
Според пријавата, двајца пожарникари од Тетово се обиделе да го фатат кучето во овој објект. Се работи на расчистување и документирање на случајот“, се наведува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…
Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…
При контрола во угостителски објект во Тетово,…
На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за…
МВР најави зголемена употреба на дронови за…
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…
МВР: Две кумановки и пет банкарки осомничени…
Од МВР информираат дека е поднесена кривична…
МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…
Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…